Филип Петрески

Филип Петрески е роден на 18.06.1998 во Прилеп, Македонија. Основното музичко образование го завршил во ООМУ ,,Ордан Михајловски - Оцка’’ во родниот град. Своето образование го продолжил во ДМБУЦ ,,Илија Николовски - Луј’’ Скопје во класата по хармоника на проф. м-р Зорица Каракутовска, во чија класа на Факултетот за Музичка Уметност Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје дипломирал со највисока оцена "cum laude". Во текот на неговото образование Филип се закитил со голем број награди на разни државни и интернационални натпревари, додека во меѓувреме редовно учествувал и на бројни концерти и фестивали во Македонија и во странство. Како солист гостин и член во разни камерни состави учествувал во повеќе манифестации меѓу кои и меѓународниот проект "WORLD ACCORDION DAY" (6-ти мај Светски ден на хармониката), концерти организирани од Музичка младина на Македонија, Фестивалот "Златна Лира", Musica Viva, Фестивал на млади хармоникаши, Вечер со звуците на хармониката, Филхармонија за филхармонија и други. Во 2015 год. Филип се закитил со 5-то место на еден од најпрестижните натпревари за хармоника “Castelfidardo“ во Италија, додека истата година го промовирал македонското творештво на светскиот куп за хармоника “Coupe Mondiale“ кој се одржал во Турку – Финска со изведба на делото "Dej-gi-di" од композиторката Бете Илин. Филип во 2021 година се закитил со Златен медал во Италија на 12-иот интернационален нантпревар за хармоника "ITALY AWARD", додека континуирано на македонската музичка сцена го одржал својот прв рецитал под називот „Вечер со звуците на хармониката“ во Охрид, а со полурецитал настапил и на 61-то издание на Фестивалот „Охридско лето“ на подиумот за млади. Денес Филип е член на Танго – Трио со кои редовно настапува на различни фестивали и манифестации на државно и интернационално ниво.

Skip to content