Филипа Бојл

Филипа Бојл е една од најактивните вокалистки на сцената во Велика Британија, каде важи за етаблиран изведувач на германскиот репертоар. Нејзините најнови изведби ја вклучуваат Елеонора во „Моќта на судбината“ и главната улога на Јенуфа во истоимената опера на Јаначек, Виолета во Вердиевата „Травијата“ на оперските сцени во Британија. Освен што активно настапува како солистка во оперски продукции, Филипа Бојл е активна и како концертен музичар. Настапувала на изведбата на „Стабат матер“ од Дворжак со оркестарот на Би-би-си, Малеровата втора симфонија, во изведбата на „Стабат матер“ од Росини, во Моцартовиот „Реквием“... Добитничка е на првата награда за млад оперски пејач за изведба на чешка опера и песни. Била член на оперското студио „Санта Чечилија“ во Рим, каде што се здобила со диплома. Магистрирала на колеџот „Клер“ во рамките на универзитетот во Кембриџ.

Skip to content