Татијана Петрушевска Карарскаковска

Родена е во Куманово, каде го започнува своето музичко образование во класата по пијано . Продолжува во МБУЦ во Скопје во класата по обоа кај проф. Васил Атанасов а подоцна дипломира на ФМУ во класата на проф. Киро Давидовски . За време на своето школувањеима освоено I Републичка и II Сојузна награда во Љубљана ( 1988 год. ). Во 1990годпосетила Мајсторски курс ка проф.Љубиша Петрушевски во Белград .Во 2015год.магистрира во класата по обоа кај Проф.- Мр. Гордана Јосифова Неделковска,со највисока оцена.Уште како студент активно учествува во камерни состави, го формира Дувачкиот Квинтет АРТ и Камерното Студио БАХУС, со кои остварува многу концертни настапи , хонорарно соработува со Македонската Филхармонија и со Оркестарот на МОБ. Соработувала со етаблирани пијанисти како Јасна Аврамовска ,Јасминка Чакар,а во моментот како постојан пијанист е Петар Макариевски,со кој остваруваат забележителни концерти , кои секогаш изобилуваат со премиерни и исклучителни виртуозни изведби .Како уметник кој секогаш трага по нови и интересни програми ,започнува соработка со ОПЕРА ТРИО во состав обоа,кларинет,фагот,Пијано Трио во состав обоа ,фагот и пијано,соработка со Ансамбл за Современа музика СОНОРИС,Дувачки Квинтет при МОБ. Покрај концертните настапи остварува и аудио и видео записи за МРТВ. Вo 2010 год.издава свое самостојно CD,а во 2108год. издава CD со ОПЕРА ТРИО со наслов” Звукот на Трските”. Исто така нејзини изведби се ставени и на други носачи на звук, како солист и во склоп на различни ансамбли.За цело време на својот професионален ангажман,а на свое големо задоволство,активно соработува и со ученици и студенти по обоа. Соработува и во Нишки Симфонијски Оркестар, оркестрите Операта на ХНК Иван Племенити Зајц во Ријека и ХНК Сплит.Некои од настапите : рецитални настапи во Салон 19,19 во КИЦ ,на Скопско Лето,Штип ,Куманово,Бит Фест, Италијански Културен Центар во Ријека,како солист и член на Камерниот Оркестар на МРТВ, на Денови на Македонска Музика ,Охридско Лето, солист со Мандолинскиот Оркестар на Рамадан Шукри ,со Македонска Филхармонија,Ријечки Летни Ноќи,Сплитско Лето.Гостувала во Бугарија ,Романија,Србија , Грција , Украина Хрватска , Португалија.На својот репертоар има дела од : Бах,Вивалди, Телеман,Моцарт,Хајдн,Шуман,Сен-Санс,Пуланк,Каливода,Даели,Зеленка ,Бритн,Аврамовски,Бранѓолица,Ортаков,Стојков и др. Во моментот работи како прва обоа во Оркестарот на НОБ.

Skip to content