НИКОЛОВ-ИВАНОВИЌ УНДЕКТЕТ

Врската помеѓу традицијата и модерното, „старите добри“ времиња и современиот пристап кон музиката е пресвртница на целата сегашна и идна џез сцена. Дали постои златна средина, основа на која се среќаваат и коегзистираат овие две навидум спротивставени тенденции? Единаесетчлениот бенд на композиторот Владимир Николов и тапанарот Срѓан Ивановиќ изгледа се обидува да даде одговор на ова прашање. Двајца балкански музичари со респектабилна интернационална кариера се вистинскиот избор за ваков експеримент. Додека Николов е истакнат во својата работа како аранжер и композитор со светски оркестри и ансамбли, Ивановиќ е нешто поактивен во помали формации. Публиката го познава како лидер на бендот Blazin’ Quartet, претставувајќи ја оригиналната визија за приклучување кон модерниот европски џез со балкански влијанија. Угледниот Jazz Times овој ансамбл го нарече меѓу најкреативните големи џез ансамбли во Европа. Оркестарот е составен од внимателна селекција на музичари од помладата и средната генерација од балканскиот регион, измешани со уште помлади сили од Франција во модерен џез ансамбл: • Лука Игњатовиќ – алт саксофон, флејта • Кристијан Млачак – тенор саксофон, сопран саксофон, кларинет • Лео Геди (Léo Guedy) – баритон саксофон, бас кларинет • Оливие Лене (Olivier Laisney) - труба • Милан Роксандиќ – хорна • Себастиен Ладо (Sébastien Llado) – тромбон • Милош Будимиров – туба • Ное Клерк (Noé Clerc) – хармоника, акордина • Владимир Николов – пијано, клавијатури • Михаил Иванов – контрабас, бас гитара • Срѓан Ивановиќ – тапани Нивниот трет албум „Дистопија“ е нова приказна со 9 авторски композиции кои обработуваат социјални и протестни теми. Овој албум ќе биде издаден во Србија и во земјите на поранешна Југославија во декември 2023 година, а во остатокот од светот во 2024 година. Првиот сингл од овој албум „Scream“ е веќе објавен на Youtube. Концертот во Скопје на 12 декември е дел од промотивната турнеја на новиот албум на Николов-Ивановиќ Ундектет.

Skip to content