Маја Богдановиќ

Српската виолончелистка Маја Богдановиќ поседува неверојатно чувство за креирање боја и карактер на делата, надополнето со изведувачка зрелост и техничка сигурност. Богдановиќ е една од најдобрите виолончелисти на денешнината. Како солистка настапила со швајцарскиот Тонхале оркестар, со Берлинскиот симфониски оркестар во салата на Берлинската филхармонија, со Токиската филхармонија, Државниот оркестар од Бремерхавен, со Словенечката, Белградската и Македонската филхармонија, со Камерниот оркестар на Минхен, оркестарот „Св. Бартоломео“ од Лондон и многу други. Има неколку музички изданија зад себе, а најновото е со виолинистот Даниел Роланд, кое вклучува светска изведба на дела од Пендерецки, Васкс, Солима и Нисимен. Критичарите го опишаа како „волшебна средба меѓу челото и виолината“. Иако има широк репертоар, Маја Богдановиќ на својата програма посебно место издвојува за современата музика. Премиерно извела дела од Софија Губадулина, Кшиштоф Пендерецки, Филип Сојерс, Бенџамин Јусупов и др. Свири на инструмент изработен за неа од францускиот мајстор Франк Раватин. Живее во Амстердам со својот партнер Даниел Роланд и нивната ќерка Лили.

Skip to content