Роден на 24 мај 1993 година, Марк Грубер уште од рана возраст го покажува својот интерес кон хорната. Од 2009 до 2012 година студира хорна кај професорот Јоаким Плтл, на универзитетот „Роберт Шуман“ во Дизелдорф, Германија. Од 2012 година студира кај професорот Пол ван Зелм на Универзитетот во Келн. Грубер учествувал на многу мастер класови со реномирани хорнисти како Херман Бауман, Ерих Пензел, Кристијан Ламперт и Фројдис Ри Векре. Во летото 2011 година е првиот лимен дувач кој ја добива наградата „Debut um elf“. Настапува како солист со најдобрите младински оркестри во Германија, со кои свири и како главен хорнист. Во 2013 година станува член на Европскиот младински оркестар и на оркестарот „Бетовен“ од Бон. Од 2016 година е главен хорнист во Симфонискиот радиооркестар на Франкфурт. Како солист настапувал во многу светски оркестри во Европа и во Азија. Освен настапите како солист, Грубер е активен и како камерен музичар во квартетот „Моне“. Како гостин настапувал и со ансамблот „Линос“, „Консортиум класикум“, квартетот „Шуман“ и со гудачкиот квартет „Манхајмер“. Грубер е добитник на наградата „Брудер-Буш“ и на награда од публиката на Интернационалниот музички натпревар во Минхен, во 2016 година.

Skip to content