Марија Вршкова

Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена на ниво на универзитет - "CUM LAUDA" во класата на проф.Т.Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија ,а најзначајна меѓународна наградата е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори. Покрај неколкуте снимени цд-а со истакнатите Македонски умерници,Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010-та година, таа го снима и своето прво солистичко цд, Македонска музика за пијано. Како солист и и камерен музичар настапувала во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија,Америка, Бугарија, Србија, Австрија, Англија,Грција… Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали во Македонија како , Охридско Лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености... Како врв на уметничката дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири,на интернационалниот натпревар Охридски бисер, 2009-та година, како и трите награди Виртуози, за музички изведувач, 2013-та година, Камерен состав 2015-та година и Камерен состав 2016-та година. Марија Вршкова во моментот работи како вонреден професор при ФМУ Скопје .

Skip to content