Кристијан Рајф

Германскиот диригент Кристијан Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска, позиција на којашто ќе остане до сезоната 2025/26. Во изминатиов период, Рајф воспостави висока репутација на светските сцени, особено поради неговата природна музикалност, иновативност и висока техничка прецизност во водењето на оркестрите. Со Гавле оркестарот, покрај тековната програма, ќе ја предводи и турнејата во Шведска, во март 2024. Од 2022 година, Рајф беше на функцијата музички директор на фестивалот во Минесота „Lakes Area“, кој е посветен на нарачка на нови дела од областа на камерната музика, како и од оперскиот и симфонискиот репертоар. Најистакнатите моменти од сезоната 2023/24 вклучуваат и негови настапи со Симфонискиот оркестар на Синсинати, Симфонијата на Сент Луис, Симфонијата на Сиетл, Симфонијата на Милвоки, Шведскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонискиот оркестар на Брно, како и настапот на летниот музички фестивал „Grand Teton“. Мошне значаен е неговиот настап како диригент на грандиозното дело на славниот композитор Џон Адамс – „Ел Нињо“ (опера-ораториум), за кое направи свој аранжман, а кое ќе го изведува со Симфонијата Синсинати, како и со Американската модерна оперска компанија, на турнеја низ САД. Рајф беше постојан диригент на Симфонијата на Сан Франциско, како и музички директор на тамошниот младински оркестар. Студирал со Алан Гилберт на „Џулијард“ и со Денис Расел Дејвис во „Моцартеум“

Skip to content