Кристијан Каровски

Кристијан Каровски е роден во Скопје Р.С.Македонија,во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика.Како особено талентирано дете,своето музичко образование го започнува во класата на проф.Људмила Романова,а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје,во класата на проф.Борис Романов,каде дипломира и магистрира со највисоки оценки и почест "Cum laude". Неговата концертна дејност започнува на 9 годишна возраст со изведба на серизни дела од литературата за пијано.Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Кристијан Каровски израснува во пијанист со врвни професионални перформанси и изразита индивидуалност. Покрај многубројните солистички концерти,настапува и со Симфониски оркестри со концерти од железниот пијанистички репертоар(В.А.Моцарт,П.И.Чајковски,Е.Григ,К.Сен-Санс,С.Рахманинов,С.Прокофјев,Џ.Гершвин...) Сите негови концертни настапи се одликуваат со зрелост и оргиналност во музичкиот израз. Во повеќегодишната педагошка дејност,К.Каровски се афирмира како истакнат пијано педагог.Неговите студенти покажуваат извонредни резултати на државни и меѓународни натпревари (на кои се лауреати и освојувачи на награди) и претставувања на солистички концерти и настапи со Македонската Филхармонија. Напоредно со педагошката дејност К.Каровски одржува солистички концерти,за кои е карактеристично,секој концерт-нова програма. Во моментов К.Каровски е вонреден професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј"во Скопје.  

Skip to content