Кејс Скалионе

Американскиот диригент Кејс Скалионе од 2011година е асистент диригент во Њујоршката филхармонија, кога истата година ја доби наградата за диригирање од фондацијата „Шолти“. Тој е страстен поборник за изведба и на оперската и на симфониската музика, но многу се посветува и на современата музика. Три години беше музички директор на Фондацијата за млади музичари и дебитантски оркестри на Лос Анџелес, следејќи ги стапките на реномирани диригенти како Мајкл Тилсон-Томас или Лоренс Фостер, кога го предводеше еден од најамбициозните проекти во историјата на оркестарот - сценска продукција на вториот чин од Вагнеровата „Тристан и Изолда“. Критиката за Скалионе ќе каже дека е авантурист и дека сака да истражува нови изрази, па така неговиот репертоар вклучува дела од Моцарт до Лигети, меѓу нив и шест светски премиери, заклучно со премиерата на симфонијата „Доктор Атомик“ од Џон Адамс во Лос Анџелес со Деби оркестарот, што беше и првиот Грант доделен од Националниотфонд за Уметности.
Минатата концертна сезона Скалионе имаше серија на концерти со Њујоршката филхармонија и славниот виолинист Џошуа Бел кога се прослави како извонреден асистент диригент, позиција која што специјално за него ја обезбеди музичкиот директор Алан Гилберт, а го наследи Курт Мазур. Своето професионално диригентско деби, сепак ќе го направи со Кливленд оркестарот во 2010 година откако ќе ја добие Аспен наградата за диригирање истата година. Од тогаш ќе диригира со повеќето од симфониските оркестри во САД, како и во Кина.
Скалионе дипломирал на Институтот за музика во Кливленд и магистрирал на Пибоди Институтот каде што студирал заедно со Густав Мајер. Бил ученик и на маестро Давид Цинман на Американската академија за диригирање на Аспен. Критиката ќе го оцени како „импресивна фигура на подиумот“.

Skip to content