Енди Шен Лиу

Енди Шен Лиу (2000) е еден од позначајните млади оперски пејачи во Кина, кој успешно настапува на светските сцени. Како младо момче сопран добитник е на многу награди, а настапувал и во Детскиот хор на Кинескиот национален симфониски оркестар. Бил дел од повеќе значајни оперски продукции во светот, како „Турандот“ на познатиот кинески режисер Жанг Јиму на Олимпискиот стадион во Пекинг и „Тоска“ во Националниот центар за изведувачки уметности. Бил дел и од екипата на „Кармен“ во режија на Дејвид Фримен во „Ројал Алберт хол“ во Лондон.

Премиерно изведува многу современи кинески дела, а под диригентската палка на Вил Хамбург, тој пее и во кинеската премиера на „Чичестер псалми“ од Леонард Бернштајн во Шангајската Опера. Настапувал на Интернационалниот музички фестивал во Пекинг, Интернационалниот уметнички фестивал во Шангај, Барокниот музички фестивал во Пекинг. Соработувал во познати диригенти како Ју Лонг, Лу Јиа, Лу Генг, Хансјорг Албрехт, Николас Чалмер... Натапувал со Симфонискиот оркестар на Детроит, Филхармонијата на германското радио, Кинескиот филхармониски оркестар, Филхармонијата на Вухан...

Во 2011 година го издава својот прв алвум со оперски арии. Дипломец е на „Џулијард“ во Њујорк, а се усовршувал и на Кралската академија во Лондон.

Skip to content