Даниел Рајскин

Маестро Даниел Рајскин  (1970), син на познат музиколог, пораснал во Санкт Петербург каде што музиката одиграла важна улога во неговиот живот. Во музичко училиште се запишал на шест години, а студирал виола и диригирање во славниот конзерваториум во родниот град. Неговиот учител Лев Савич ќе го инспирира да навлезе во светот на диригирањето, а потоа Рајскин ќе се усовршува совлијателни имиња како Милан Хорват, Марис Јансонс или Нееме Јарви. На 20 години ќе ја напушти Русија продолжувајќи да студира во Амстердам и Фрајбург, за многу бргу да стане еден од најбараните виолисти во Европа, како солист, но и како камерен музичар.
Познат е како предводник на младата генерација музичари, ставајќи голем акцент на неговите толкувања за музиката кои што ги прави на мошне транспарентен начин, откривајќи ја структурата на едно дело до сите детали, наоѓајќи го подтекстот, вистинската рамнотежа на звукот и енергијата која што тоа ја поттикнува кај изведувачите.
Од 2005 година, Рајскин станува шеф-диригент на Рајнската филхармонија, а од 2008-та на „Артур Рубинштајн“ филхармонијата во полскиот град Лоѓ. Неговите ангажмани како гостин диригент се бројни, патувајќи низ Европа и Азија, вклучувајќи ги и Белградската филхармонија, Естонскиот национален оркестар, Хонг Конг Синфониета, Националниот оркестар во Латвија, „Моцартеум“ оркестарот во Салцбург, филхармониите на Копенхаген, на Прага, оркестарот на Радио-телевизијата во Даблин, радио-симфонискиот оркестар на Чешка, Загрепската филхармонија, симфониските оркестри на Виена, Берлин, итн.
Познати се неговите ангажмани како диригент на опери, вклучувајќи ги и редовните настаписо „Кармен“ за Холандската компанија „Opera Zuid“ во режија на Каликсто Биеито (2006/2007) или „Нос“ од Шостакович во Државниот театар во Кобленц (2010). Рајскин соработува со врвни уметнички имиња како Иво Погорелич, Џулијан Рахлин, Миша Мајски, Ланг Ланг,Мидори, Даниел Милер-Шот...

Skip to content