Давид Фре

http://davidfraymusic.com/ Критиката за него пишува дека е „совршен пример за музичар кој размислува“. Францускиот пијанист Давид Фре е познат и по инспиративните изведби на музиката на Бах и Булез. Постојано е активен на светската музичка сцена како солист, рецитален и камерен пијанист. Соработувал со водечки светски оркестри и диригенти како Марин Oлсоп, Семјуел Бучков, Андреј Борејко, Даниел Гати, Пааво Јарви, Рикардо Мути, Еса-Пека Салонен... Давид Фре е препознатлив и уникатен пијанист, а пред македонската публика ќе го изведе романтичниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Фредерик Шопен ... 1. Омилени класични музички дела: -Кантатите и пасиите од Ј. С. Бах. 2. Снимки од класична музика кои ги сакате: -Снимките на Вилхелм Кемпф, Вилхлем Фуртванглер и Карлос Клајбер. 3. Омилени некласични музичари/или снимки: -Француската пејачка Барбара и Френк Синатра. 4. Музика која ве тера да плачете/било кој жанр: -Добра музика отсвирена лошо. 5. Дефинитивно потценето дело или композитор: -Ернст Кренек. 6. Преценето дело, музика или композитор: -Руската музика. 7.  Концерт на кој сте присуствувале/ било кој жанр/ кој нема никогаш да го заборавите: -Концертите на Раду Лупу, Маурицио Полини , Рикардо Мути... 8. Некои нови филмови кои ви се допаднале: - „Белата панделка“ на Михаел Ханеке... 9. Филмови кои се класика за вас: - „Бери Линдон“ на Кјубрик и „Амаркорд“ на Фелини.. 10.  Книги кои ви се важни: -  „Мисли“ од Паскал. 11. Работи со кои се гордеете... -  Нема такви... 12.  Работи од кои се срамите... - Има многу... 13. Три работи без кои не можете да живеете: -Музика, уметност, љубов. 14.  Кога сакам да побегнам од се... (доврши ја реченицата) - Останувам дома со мојата сопруга и двете кучиња. 15. Луѓето се изненадени кога ќе дознаат дека не сум... - Фан на Глен Гулд. 16. Мои омилени градови се: -Париз, Кортона, Венеција... 17. Тајно сум вљубен во... -Чоколадо. 18. Тајни задоволства за кои имам грижа на совест... - Трошам многу пари на подароци. 19.  Многу сакам да ги запознаам: - Мерил Стрип, Вуди Ален, Лусијен Фројд. 20. Не можам да сфатам зошто... - Луѓето се толку лоши.

Skip to content