Гоце Златев

Гоце Златев е роден 2006 година. Основното музичко образование го започнува во Штип на осум годишна возраст во класата на Проф. Гоце Костадинов, а од 2017 година учи во Скопје во ДМБУЦ " Илија Николовски - Луј" во класата на Проф. Д-р Славица Мицовска- Смилевска. Сега е ученик во четврта година - инструментален отсек- пијано специјал. Во текот на своето музичко образование учествува на повеќе Државни и Меѓународни натпревари и добитник е на многу награди меѓу кои издвојуваме: -2017 год. I место на Меѓународен натпревар - Словенија - 2018 год. I место на Меѓународен натпревар " Сирмиум"- Сремска Митровица -2018,2019,2021,2022, 2023 год. добитник на I место на Државен натпревар - 2018 год.Награда за " Најголем виртуоз"- "Earth and People"- Софија, Р.Бугарија - 2018 год. Лауреат на Меѓународен натпревар " Охридски бисери" - 2018 год. I место на Меѓународен натпревар " Русел" - Софија, Р.Бугарија - 2019 год. Учечество на престижниот натпревар " Роберт Шуман"- Германија - 2019 год. Лауреат на Меѓународниот натпревар „Полихимниа“ -2021 год. II место на Меѓународен натпревар “Chopin “ Малезија -2022 год. II место на Меѓународниот натпревар “Earth and people” -2022 год. I место на Меѓународниот натпревар „Golden Piano talents„ и „Награда за најнадежен млад пијанист„ Од концертната дејност издвојуваме- 2018 год. настапува со оркестарот -„Видин Симфониета„ под диригентство на маестро Петер Димитров во Софија, Р.Бугарија 2019 година настапува на два концерти во Париз, Франција по покана на Проф. Chantal Stigliani- директор на Philomuses( Организација за промовирање и афирмирање на млади таленти) во организација на градоначалникот на Париз. 2021, 2022 година, настапува со Македонска филхармонија, под диригентство на Сашо Татарчевски и Дијана Илковска-Имери. Во 2019г. на 13годишна возраст го одржува првиот солистички рецитал во Скопје, по кој следат девет солистички рецитали од кои три во Скопје, Штип, Велес, Битола, Струмица, Гевгелија и рецитал во Рим- Италија 2023 година. Во текот на школувањето, својата наобразба ја надоградува во соработка со еминентни Професори: М.Ѓошевска, С.Трпчески, Ж. Захариева, (Р.Бугарија) С.Гаџиев, (Словенија, Италија) Шантал Стилиани ( Франција),Tutu Aydinoglu, (Р .Турција), Bertrand Giraud (Франција) и други.

Skip to content