Весна Ангелова Христов

Основно и средно музичко образование завршува во Скопје во класата на проф.Павлина Среброва.На 17годишна возраст е примена на ФМУ каде дипломира пијано со највисока оценка во класата на проф.Борис Романов.Магистрира интерпетација на пијано на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка и педагог Рита Кинка(Академија на уметности Нови Сад Р.Србија).Во текот на нејзиното школување е добитник на многубројни државни и меѓународни награди и признанија(Специјална награда меѓународен натпревар Н.Сад,Р.Србија,Диплома од меѓународен натпревар во Етлинген,Германија,специјална награда и неколку први награди на државните натпревари по пијано и камерна музика.)Учеството на избор за евровизиски преставник за класична музика и овозможува реализација на ТВ Портрет на Македонска Телевизија.Добитник е на стипендија за културно дејствување и кулtурен престој во Париз 2008 год во Меѓународниот град на уметностите(Cites des Arts Paris).Во 2017 остварува престој во Њу Јорк каде реализира концерт рецитал во Gallery MC. Учесник е на меѓународни Мастер класи кај еминентни педагози-Б.Романов,Рита Кинка,Антон Диков,Ј.Михаиловиќ,Јаромир Клепач(Француско-Чешка летна академија).Добитник е на стипендија на МММ за учество на меѓународен Мастер клас во Вајкерсхајм,Германија каде работи со реномирани педагози од оваа област. Настапува како солист и камерен музичар во концертни сали во Македонија ,Косово,Р.Србија,Бугарија,Хрватска,Франција(Париз),Германија,Турција,Чешка,САД(Њу Јорк).Има реализирано настапи на домашни фестивали-ДММ,Златна Лира,Охридско лето,Скопско лето,и на меѓународна сцена-ДАМ фестивал ,Шопен Фест(Приштина),Франкофонски фестивал Солеил,Созопол(Р.Бугарија),Fete de la musique Париз и др.Повеќе пати настапува и како солист со Македонската Филхармонија.Нејзиниот афинитет кон камерната музика ја води кон оформување на пијано трио и пијано дуо,а како пијано соработник најчесто настапува со виолинисти ,подржувајќи ги младите музичари на натпревари,семинари и концертните подиуми.Член е на комисии на државните натпревари по пијано и камерна музика.Од 2005година до денес работи како надворешен пијано соработник на Факултетот за музичка уметност.Од 2005 година работи како органист во Anglican Church во Скопје.Oд 2007-2019 година работи како надворешен соработник на оркестарот на Македонска филхармонија.Во моментов работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ,,Илија Николовски-Луј,,Скопје.

Skip to content