Бојан Илкоски

Бојан Илкоски своето музичко образование го започнува на седумгодишна возраст во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде ги завршува нижото и средното музичко образование. Првите контакти со виолината ги остварува на својата седумгодишна возраст со проф.Румен Димитриев, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко. Илкоски досега има остварено бројни настапи во земјата и надвор од границите на нашата држава: Романија, Србија, Хрватска, Бугарија. Има остварено неколку настапи како солист со Македонската филхармонија, како и со Камерниот оркестар при ФМУ, а во 2009 година го одржа и својот прв самостоен целовечерен  концерт во Даут-Пашин Амам. Заедно со пијанистот Дино Имери, основаат  камерно дуо и остваруваат бројни настапи како во земјата, така и надвор од границите. Настапуваат на „Европскиот концерт“ приреден од Музичките и балетски педагози на Македонија, заедно со „Europian union of  Music Competitions for Youth“. Заедно беа повикани свечено да го отворат реномираниот натпревар „Охридски бисери“ (2015), фестивалот А-Фест во Нови Сад, Србија, а во 2013 г. остваруваат рецитал во циклусот на концерти “Доаѓаме...“. Заедно настапуваат во Шпанската амбасада по покана на амбасадорот Фернандо де Галаинена Родригез. Во досегашното искуство како виолинист Илкоски вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба кои претставуваат огромен предизвик за секој инструменталист воопшто. Заедно со Симфонискиот и Камерениот оркестар при ФМУ остварува настапи во земјата и странство (Хрватска и Босна и Херцеговина). Како камерен музичар, Илкоски има соработува но со светски реномирани имиња како Франсис Дирој и светски познатиот виолончелист и диригент Марк Копеј. Остварува контакт и соработка со виолинистот Сретен Крстиќ (концертмајстор на Минхенската филхармонија). Исто така, член е на Меѓународниот младински камерен оркестар на „Музичка младина“ под водство на познати и реномирани диригенти како Саша Николовски-Ѓумар, Миша Кац, Борјан Цанев, Дијана Илкоска, Елена Митревска, Емилио Перцан (настапи на „Охридско лето“,„ Интерфест-Битола“, „Скопско лето“). Од неодамна, Илкоски е редовен член на симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија како и член на оркестарот за филмска музика на „Фејмс“.

Skip to content