Арда Мустафаоглу

Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Пијанистичката кариера ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни пијанистички натпревари: Grand Prix  на EMCY натпревар во Истанбул (Турција); прва награда на интернационалниот натпревар „Antonio Salieri“ во Верона (Италија); трето место на интернационалниот натпревар „Triomphe de l’Art“ во Брисел (Белгија); прво место на интернационалниот натпревар „Kunst Und Frieden“ во Хамелбург (Германија), натпреври во Грција, Србија, Бугарија, Албанија и Франција. Негови позначајни концерти и настапи се: концертот во „Burgau Castle“ – Дирен, настапот на „Охридско Лето“ во црквата Св. Софија – Охрид, настапот со Македонската Филхармонија, настапот со Софиската Синфониета, концертот со квартетот „EOS“ во Модане, концертот со квинтетот „Marmara“ во Србија, настапите и концертите во Германија (Ахен, Бон, Келн), Фрација (Сен Жан-де-Луз, Модане, Париз), Турција (Истанбул, Анталија), Италија, Србија и Бугарија. Арда се усовршува на бројни мајсторски школи кај познати пијанисти: Евгениј Корољов (Русија), Мишел Бероф (Франција), Жан-Франсоа Есер (Франција), Денис Паскал (Франција), Михаил Мордвинов (Русија), Шантал Стиглиани (Франција), Борис Березовски (Русија), Милица Шкариќ, Рамзи Јаса (Египет), Џовани Белучи (Италија), Хериберт Кох (Германија), Иван Урвалов (Русија), Жени Захариева (Бугарија), Клаус Шилде (Германија). Значајно влијание на неговиот пијанистички развој има пијанистката Шантал Стиглиани, која како претседател на француската асоцијација „Philomuses“ во април 2017 година на интернационалниот натпревар „Земјата и хората“ во Софија му ја врачува „Philomuses Special Prize“ со покана за концерт во Париз. Победата на натпреварот „Albert Roussel“, а потоа и учеството на натпреварот „Piano Campus“ во Понтуаз, придонесоа уметничкиот директор Жан-Франсоа Есер да го покани Арда на Академијата „Maurice Ravel“ каде има настава со професор Мишел Бероф. Арда е пијанист кој ја продолжува школата на Евгениј Корољов. После јасно дадените смерници на професорот Корољов и интензивните подготовки со професор Милица Шкариќ, Арда ги започнува студиите кај професор Ана Виницкаја на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. За својот придонес во светската афирмација на градот Скопје, на Арда Мустафаоглу му е доделена наградата „13 Ноември“.

Skip to content