Анна Коловска

Анна Кришталева Коловска е родена во Армавир, Русија во 1996 година и уште од рани години се врзува за музиката, редовно концертирајќи и настапувајќи на интернационални и домашни натпревари. Основното музичко образование го завршува во новокубанското детско музичко училиште, во класата на проф.Михаил Бојко. Во 2014 година пак, се запишува во Ростовскиот музички колеџ во класата на познатиот професор и заслужен артист на Русија, ЈуриШишкин. Нејзиниот репертоар е богат и вклучува композиции од различни музички епохи, дела од Менделсон, Григ, Московски, Лекуона, Кусјаков, Бах,Шчедрин, Семионов..., како и композиции од руската народна музика. Инаку, Анна Кришталева редовно настапува на натпревари, како и на концерти во Русија и надвор од земјата, а нејзините изведби се високо позитивно оценети од страна на критиката и опишани како „интерпретации исполнети со страст идлабочина, во комбинација со долги и драматични скали, деликатен опсег на звукот и брилијантна техника...“ Кришталева е добитник на Гранд при на натпреварот „Акордеон плус“ во Ростов на Дон, Русија, во 2012 година, потоа победник е во сениорска категорија за класична музика на Интернационалниот натпревар „Кастелфридардо“ во Италија во 2015 година, а има освоено и прво место на вториот Интернационален натпревар за хармоника во Алкобаса, Португалија, како и прво место на натпреварот „Гридин“ во Курск, Русија во 2016-та.

Skip to content