Ана Мазнејкова

Ана Мазнејкова е родена во Струмица, во 2010 година. Ученичка е во шесто одделение во ООМУ „Боро Џони“ во Струмица , во класата на проф. Ленче Мазнејкова. Во октомври 2021 г. беше активен учесник на пијано-мастерклас под раководство на проф. Хајди Елзесер (Германија). Првите чекори на пијаното ги прави со помош на своте родители, а својот прв јавен настап го има на тригодишна возраст, на еден од концертите организирани во музичкото училиште. Ана има реализирано настапи на бројни концерти, фестивали и натпревари во Македонија и низ Европа. Има остварено два рецитали и еден полурецитал, а нејзиниот досегашен репертоар опфаќа повеќе од 100 композиции за соло пијано и пијаночетирирачно. Има реализирано 98 концертни настапи. Досега има настапувано во 10 земји (Италија, Белгија, Франција, Велика Британија, Австрија, Србија, Грузија, Унгарија, Бугарија и Косово), во престижни сали како: Бозар во Брисел, Моцартеум во Салцбург, Каза Верди во Милано, Камерна сала на Париската Филхармонија... Ана Мазнејкова е редовен учесник на европските натпревари за млади пијанисти. Има освоено 26 први и специјални први награди на натпревари во Париз, Брисел, Милано, Лондон, Виена, Салцбург, Белград, Софија, Будимпешта, Приштина и др. Во 2018, 2019, 2021 и 2022 година е победник на националниот натпревар по пијано, а истите четири години освојува и први награди на националниот натпревар по солфеж. Освојувач е на повеќе пехари и златни медали, кристален медал за исклучителен талент на натпреварот во Виена, а добитник е на називот „Лауреат“ во Белград во февруари 2020 година... Добитник е на престижната награда „Најдобар ученик“ за 2017 година која еднократно ја доделува Општинското Основно Музичко Училиште „Боро Џони“ – Струмица. Ана Мазнејкова има настапувано на националниот фестивал „Денови на македонска музика“; на манифестацијата „Струмица – град на културата“; на настанот Piano day – Skopje; ; на фестивалот „Piano City – Novi Sad“ во Србија, во проект на Музичка Младина на Македонија и др., а секоја година, од 2014-2019 година учествува на ревијалните концерти во Скопје, организирани од националниот огранок на Европската асоцијација на наставници по пијано (ЕПТА), и др. Во Македонија има настапувано во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип, Велес, Кавадарци, Валандово и Струмица.

Skip to content