Александар Коловски

Истакнатиот македонски музички уметник Александар Коловски, е роден во Скопје во 1990 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Златко Мадевски, а во 2018 година магистрира на Универзитетот „Антон Брукнер“ во Линц, Австрија, во класата на проф.Алфред Мелихар. Коловски редовно настапува на концерти и на фестивали низ Европа, Кина и Русија. Во периодот од 2009 до 2012 година, тој станува еден од студентите на реномираниот професор Фредерик Дешамп од Франција. Покрај класичната музика, во Франција во 2010 година Коловски почнува да се занимава и со изведба на т.н. вариете музика. Критиката ќе го оцени како „изведувач познат по својот темперамент, виртуозност и импресивна техника“. Во 2011 година го освојува првото место на натпреварот „Светски трофеј“ во Пинето, Италија, освојува прво место на Интернцаионалниот натпревар„Кастелфидардо“ во Италија во сениорска категорија за класична музика во 2011 година, потоа прво место на Интернационалниот натпревар „Гранд При“ во Франција во 2011 година, како и прво место на „Кастелфидардо“ во сениорска категорија за вариете музика. Коловски е добитник и на наградата „Виртуози“во 2014 година, во категоријата „Млад музички уметник“, доделена од страна на македонското Министерство за култура, Македонската опера и балет иМакедонската филхармонија.

Skip to content