Џана Кариман

Џана Кариман е родена 1989 година во Дубровник. На седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство- Натпревар за […]

Ана Дурловски

Со својот несомнен квалитет, огромен талент, музикалност и нескриена жар за музика, Ана Дурловски (1978) е една од најистакнатите оперски певици кај нас од помладата генерација вокални солисти. Таа е првиот уметник од Македонија која пееше на сцената во престижниот „Метрополитен“ во Њујорк, а зад неа се и мноштво улоги кои ги реализира и на […]

Дмитри Маслеев

Рускиот пијанист Дмитри Маслеев (1988), е еден од најзначајните солисти од поновата генерација на светската музичка сцена во моментов. Учел пијано на Конзерваториумот „П. И. Чајковски“ во Москва, во класата на проф. Микхаил Петруков, како и на Интернационалната академија за пијано на езерото Комо во Италија. Како „суперсолист“ беше најавено и дебито на Дмитри Маслеев […]

Селина От

Selina Ott was awarded the Opus Klassik Award 2021 for her debut album „Trumpet Concertos“ together with the Radio Symphony Orchestra Vienna and conductor Roberto Paternostro.As the first woman ever in the seventy-year history of the ARD International Music Competition Selina Ott was awarded the 1st Prize in the category trumpet at the age of […]

Бети Гарсес

Извонредната Бети Гарсес Бедоја моментално се смета за една од најистакнатите колумбиски сопранистки. Родена e во Буенавентура, на бреговите на колумбискиот Пацифик, и таа е првата Афроколумбијка којашто изградила растечка кариера како лирски сопран. Дел е од колективното движење „Opera for Peace“. Во 2021 година беше почестена со високо уметничко признание за културен придонес од […]

Роберт Бонфиљо

Роберт Бонфиљо е познат по епитетот „Паганини на усната хармоника“. „Лос Анџелес Тајмс“ го нарече така и со право овој виртуоз на усна хармоника ја воодушевува публиката ширум светот: Карнеги хол, Холивуд боул, Гевандхаус, Центарот Кенеди, Бостонската симфониска сала, Линколн центарот…, со неговата способност да изведува концерти на хармоника од сферата на класиката, но и […]

Моника Лесковар

Хрватската виолончелистка МоникаЛесковар (Кројцтал, Германија, 1981) почнала да свири виолончело на шестгодишна возраст во класата на Добрила Берковиќ Магдалениќ, во Загреб. На 13 години го привлекла вниманието на јавноста кога ја освоила првата награда на Меѓународниот натпревар „Чајковски“ во Сендаи, Јапонија, во 1995 година. Во Загреб била и ученичка на Валтер Дешпаљ, пред да ги […]

Сергеј Малов

Рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози денес во светот на класичната музика. Свири виолина, виола, барокна виолина и виолончело да спаља – инструмент за кој се смета дека Јохан Себастијан Бах на него ги свирел своите свити за чело. Широк е репертоарот на маестро Малов. Свири дела од периодот на раниот барок, […]

Петер Лаул

Пијанистот Петер Лаул е еден од најнаградуваните руски пијанисти, кој соработувал со диригенти како Шостакович, Гергиев, Касадесус… Роден е во 1977 година во Ленинград, а дипломирал во 2000 година на Државниот конзерваториум „Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург (во класата на Александар Сандлер). Меѓудругите, во 2003 му беше доделена и почесна награда „За достигнувања во културата“ од […]

Лука Дебарг

„Не се појавил пијанист што предизвикал таква вознемиреност уште од пристигнувањето на Глен Гулд во Москва, во средината на Студената војна, или од победата на Ван Клибурн на натпреварот ’Чајковски‘“, ќе напише „Хуфингтон пост“ за францускиот пијанист Лука Дебарг (1990), едно од најголемите откритија денес во сферата на пијанизмот, лауреат на 15. „Чајковски“ во 2015 […]

Skip to content