ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНЦЕРТИ

ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНЦЕРТИ

РОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНЦЕРТИ ВО КОНЦЕРТНИТЕ САЛИ НА ФИЛХАРМОНИЈА НА РСМ

Со овој протокол се одредува наичинот на организација на концертите во двете концертни сали на Филхармонија. Протоколот е поделен на три дела:

• Пред почеток на концерт

• За време на концерт

• По завршување на концертот

Овој протокол важи само за време на ПАНДЕМИЈАТА СО ВИРУСОТ КОВИД-19 и додека траат прeпораките и ограничувањата на соодветните надлежни органи.

1.ПРЕД ПОЧЕТОК НА КОНЦЕРТОТ

Карти за концертите ке се купуваат,,online,, , билетарата нема да работи пред почеток на концертите со цел да се избегне било какво групирање на посетителите на концерти.

На влезот од билетарата ќе има средство за дезинфекција, притоа службите за одржување на хигиена пред почеток на работа и по завршување на работата на билетарата ќе ја исчистат билетарата и влезот на истата со соодветни средства за дезинфекција.

Билетите ќе се продаваат по утврден редослед и претxодно изработена шема на седишта кои ќе бидат достапни на гледачите, а притоа да се одржи потребната дистанца помеѓу публиката.(прилог 1).

Максималниот број на посетители на концертите е 30% од вкупниот број на капацитет на седишта во големата концертна сала (882 седишта)

При купување на билети во согласност на купувачот, ќе се зема име и презиме на купувачот на билетот како и контакт телефон или интернет адреса.

Бројот на редари, распоредители и на обезбедување ќе биде зголемен од вообичаено со цел на соодветно извршување на задачите на новонастанатата состојба.

Пред влезовите за публика на Филармонија ќе бидат обележани места за чекање за влез во објектот за одржување на потребното растојание.

За секој концерт ќе бидат отворени најмалку три влеза на јужниот влез за публика и најмалку три влеза на западниот дел за влез на публика. По потреба доколку има повеќе гледачи ќе се отворат додатни три влеза на јужниот влез за публика со што би се минимизирала било каква гужва за влез на публиката.

На секој влез за публика Филхармонија ќе обезбеди средства за дезинфекција на рацете.

Во фоајето ќе се обезбедат канти за отпад со капак.

Задолжително е носење на заштитни маски или шалови кои ќе ја покриваат устата и носот  на публиката.

При влез на публиката за да би се избегнал контакт обезбедувањето ќе врши визуелна контрола на билетите.

Задолжително е носење на заштитни маски и ракавици на обезбедувањето како и на распоредителите.

При влез обезбедувањето ќе врши мерење телесна  температура на гостите со безконтактен мерач на телесна температура, притоа секој гостин кој има покачена температура Филхармонија има право да му забрани влез во објектот на истото.

Распоредители ќе има во фоајето на филармонија како и во концертната сала за навремено упатување на публиката до своите седишта се со цел да нема задржување и групирање на публиката.

За да би се избегнал било каков контакт нема делење на програмчиња за концертите или на било каков рекламен материјал.

Гардеробата на Филармонија нема да работи се со цел на минимизирање на задржување на публиката како и на нејзино групирање.

Пред почеток на концертот во фоајето ќе има аудио и видео предупредување за почитување на мерките на претпазливост.

Филхармонија нема да дозволи влез во објектот на лица кои не ги почитуваат мерките за заштита.

2.ЗА ВРЕМЕ НА КОНЦЕРТОТ

Најмалку еден час пред почеток на концертот задолжителна е работа на вентилацијата,односно климата во салата и во фоајето. Вентилацијата односно климата во салата за време на концертот и најмалку еден час по концертот ќе работи, притоа инжинерот на одржување задолжително треба да ја одржува температурата на 22 до 24 целзиусови степени.

Филхармонија гарантира за редовно менување на филтрите на клима системот во објектот како и новно соодветно дезинфицирање.

Филхармонија задолжително ќе ги менува филтрите во период од максимум 6 месеци, значи од една до друга промена на филтрите е максимум 6месеци.

Задолжителна е дезинфекција на салата како и на фоајето и тоалетите пред концертот и по завршување на концертот.

Распоредителите се задолжени за распоредување на гостите и за нивно точно седење на одредени места според купените билети.

Седење во салата е дозволено на најмногу две лица освен кога се работи за семејство со малолетни деца едно до друго но не повеќе од четири лица вкупно и најмалку две слободни седишта до другите две лица, како и на еден слободен ред помеѓу гостите(прилог шема на двете концертни сали).

Концертите најчесто би се одржувале во еден дел не подолг од 60мин, во одредени случаи кога програмата бара да се одржи во два дела, во тој случај еден дел не би бил подолг од 50мин и пауза најмалку 25мин. Со цел да не дојде до создавање на гужва при излез и влез во салата.

За време на пауза ќе има цело време аудио предупредување на почитување на мерките на предпазливост.

За време на паузата најстрого се забранува контакт на публиката со изведувачите.

Обезбедувањето, редарите и распоредителите за време на паузите задолжени се да внимаваат да не дојде до групирање на публиката како и до создавање на гужва за влез во концертна сала пред почеток на вториот дел.

Најстрого се забранува точење на пијалоци како и продажба на храна пред почеток на настани, за време на пауза или на крај од настан.

3.ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА КОНЦЕРТОТ

По завршување на концертот забрането е задржување на публиката во објектот односно честитање на изведувачите за успешно изведен концерт и слично.

Распоредителите се грижат за навремено и безбедно напуштање на концертната сала на публиката.

За полесно и побрзо напуштање на објектот сите влезови односно излези се отвараат од страна на обезбедувањето со што би се избегнало секакво групирање на публиката.

Забрането е секакво задржување на публиката во фоајето.

По завршување на концертот концертната сала, тоалетите како и фоајето задожително ќе се дезинфицираат со соодветно дезинфекционо средство.

Се забранува движење на оркестарот во делот за публика.

 

 

Иработил                                                                                            директор

Зоран Стеваноски                                                                            м-р Виктор Илиески

Координатор за техника и безбедност