ПРЕТПЛАТНИЧКИ БИЛЕТИ ЗА РЕДОВНИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ!

ПРЕТПЛАТНИЧКИ БИЛЕТИ ЗА РЕДОВНИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ!

Од 23 август до 1 октомври, Македонската филхармонија ќе ги пушти во продажба претплатничките билети за концертната сезона 2018/2019. Со купување на претплатнички билет од циклусот „Фортисимо“, љубителите на музиката ќе можат да ги посетат сите концерти од редовната програма на Македонската филхармонија. Цената на еден претпланички билет чини 9.000 денари, а може да се набави на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10 до 20 часот, и во сабота од 10 до 14 часот.