НОВА КОНЦЕРТНА САЛА – ЗАПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ

НОВА КОНЦЕРТНА САЛА – ЗАПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ

Ве известуваме дека од вторник (2 мај), ќе бидат пуштени во продажба билетите за свеченото отворање на новата концертна сала на Македонската филхармонија. Билетите ќе бидат по цена од 2.500 и 3.000 денари, а ќе можат да се набават на билетарницата во Дом на АРМ, секој ден од 10 до 16 часот.

Концертот со кој ќе се одбележи отворањето на новиот музички храм на Македонската филхармонија, ќе се одржи на 21 мај (недела) со почеток во 19 часот.

Македонската филхармонија за овој мошне значаен, историски миг за нашата култура, приредува ексклузивен, уникатен концерт, на кој како солист ќе настапи македонскиот и светски пијанист Симон Трпчески, а зад диригентскиот пулт ќе застане еден од најдобрите диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази.

На програмата се дела од Трајко Прокопиев, Сергеј Прокофјев и Петар Илич Чајковски.