часот
Диригент:
Џијан Емин
Програмата на овој концерт ќе се состои од два дела. Во првиот дел на концертот за прв пат кај нас ќе биде изведена свитата „Оревокршачка“, односно џез-интерпретации на балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, аранжирани од американскиот пијанист, композитор и водач на бенд, извонредниот Дјук Елингтон и aмерикански џез композитор, пијанист, текстописец и аранжер, Били Страјхорн. Овие култни композиции во изведба на Биг Бенд и гудачи звучат волшебно и ја подгреваат новогодишната атмосфера.
Во вториот дел од концертот, на кој ќе бидат изведени џез стандарди од Кол Портер, Волтер Кент, покрај Биг Бендот и Филхармонија, како солисти ќе настапат најдобриот македонски машки џез вокал, Џон Илија Апелгрен и секогаш авангардната Sarah Mace, заедно со The Christmas Girls – женски вокален квинтет. Овој квинтет покрај Сара вбројува уште четири од најактуелните интерпретаторки на џез музика во моментов – Калина Велковска, Полина Тасева, Теа Богатинова и Емилија Колоска.