BLIXA BARGELD & TEHO TEARDO

BLIXA BARGELD & TEHO TEARDO

Tри години по нивниот деби албум Still Smiling, Teho Teardo и Blixa Bargeld се враќаат со целосно нов материјал.
Често природата на ваквите соработки е врамена во една еднинствена епизода, временски ограничена, но тоа не е случај овде. Ова е резултат на една посебна поврзаност, и уметничка и лична каде што Teho и Blixa пронаоѓаат нов облик на нивната поврзаност за да можат да откриваат нови светови.

 

Nerissimo е насловот на новиот албум. Дизајнот на омотот е инспирација од дело на сликарот Ханс Холбајн Помладиот насловено Амбасадори (1533). Во сликата се вкалапени енигматски алузии кон филозофијата, религијата, смртноста и илузијата, кои што пак имаат врска со дел од темите во албумот. „Nerissimo“ на италијански е суперлативна форма за придавката „црн“ („најцрниот“) и така има нешто многу црно околу музиката на ова издание. Тоа, сепак, не значи дека ова е нешто „даркерско“ како често применуваната придавка кога е во прашање музика: туку како што црната боја ги содржи сите бои, така и музиката содржи повеќе различни можности. Напишани и испеани на германски, англиски и италијански, песните се различни: од микроскопски драми – како во Petri dish (Ulgæ) па до надреалистичкото епско и космичко седумминутно патување „Animelle“. Насловната песна „Nerissimo“ има две верзии, англиската го отвора албумот, а италијанската го затвора, заокружувајќи го албумот како крај на една книга.

 

Ново во оваа соработка е користењето на дрвени дувачки инструменти, посебно бас-кларинетот којшто игра длабока и многу значајна улога во неколку од новите песни, помеѓу еден куп ѕвона, баритон гитарата на Teho и сетот класични жичани инструменти. Заеднички нивниот звук создава заоблен фрекфенциски спектар за топло да го обвие и поткрепи нискиот милозвучен глас на Blixa.
Слушајќи го албумот, човек чувствува временски премин помеѓу јазиците којшто интимно ги поврзува Рим и Берлин, двата града каде што албумот е снимен, емоционално патување низ последните три години од соработката. Патувајќи низ повеќеслојната црнина, песните обликуваат еден патепис од појави, од бои што можат да го претворат целиот универзум штом ги изговорите, еден ноќен лет, без светла, над европските престолнини.

 

Teho Teardo живее во Рим и е музичар, композитор и дизајнер на звук. Негово дело е музиката за неколку филма од режисери добитници на наградата „Оскар“ како Паоло Сорентино и Габриеле Салваторес. Има добиено повеќе награди за неговата музика, како Наградата Enio Morricone и Наградата David Di Donatello.

 

Blixa Bargeld е роден во 1959 година во Западен Берлин. Како самоук артист, тој работи како пејач, писател, композитор и режисер.Дел е и од Nick Cave and the Bad Seeds, како гитарист, повеќе од 10 години, и е предводник и основач на Einstürzende Neubauten од 1980 година.
Во моментов живее во Сан Франциско, Берлин и Пекинг.

Следни настани