Емир Имеров- виолина (Германија)
Александар Кагановски- виолончело (Швајцарија)
Ваг Папијан-пијано (Израел)
Програма:
Л. В. Бетовен: Трио во Де-дур, оп. 70, бр. 1 – „Дух“
Ф. Менделсон:Трио во де-мол, оп, 49, бр. 1
„Бенџамин пијано трио“
Традиционално и полно со ентузијазам, „Бенџамин пијано трио“, кое своето име го добило по кучето на виолинистот Емир Имеров, е формирано во 2009 година од челистот Александар Кагановски и виолинистот Емир Имеров. Третиот член е Ваг Папијан, истакнат руски пијанисти и диригент, познат по своите настапи со виолинистот Максим Венгеров.
„На крајот од фантастичкиот концерт полн со музичка и емотивна обоеност, публиката го поздрави ’Бенџамин пијано трио‘ со стоечки овации. Триото ги изведе делата со концертна брилијантност, давајќи им нов живот со што длабоко ја импресионираа публиката“, пишува критиката за нивните настапи.
На концертите, „Бенџамин пијано трио“ секогаш инсистира да ја обедини источната и западната традиција. Триото изведува дела од руски композитори, како и дела од виенската класика, од романтизмот и од другите музички епохи.
Триото досега настапувало во Германија, Франција, Австрија, Швајцарија, Италија, Источна Европа и Израел, а настапувало и на фестивали во Швајцарија, Данска, Македонија и Шведска.