часот
12 Февруари
20:00 часот
Сезона 2025/26
Концертна Сала
Бакнеж во Париз
Диригент:
Тимоти Редмонд
Солисти:
Фелисиен Брут
Ексел Сан -Сирел
Диригент:
Тимоти Редмонд
Солисти:
Фелисиен Брут, хармоника (Франција)
Ексел Сан -Сирел – мецосопран (Франција)
Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на светлината е и град на љубовта. Тој е вечна инспирација за уметниците, место каде што се раѓаат безброј книжевни, филмски и музички љубовни приказни. Неговата препознатлива архитектонска убавина и дух создаваат мелодии исполнети со меланхолија, страст, нежност и романтична копнежливост.
Тие уметнички дела се огледало на среќни љубови, но и на оние напуштени, тивки и болни. Зашто љубовта е таква – возвишена и силна, понекогаш нежна, понекогаш болна, но секогаш длабока и искрена.
Денот на вљубените не е само уште еден датум во календарот. Тој е потсетник дека љубовта, во сите нејзини облици, му дава смисла на животот и на светот.
Ова е и денот на виното – пијалокот на боговите и еликсир на животот. Виното и љубовта одат рака под рака, поврзани преку бојата, мирисот, топлината и чувството што го будат.
Почитувани,
Уживајте во звуците на љубовта, фантазијата и копнежот, во музиката на бакнежите и прегратките, придружени со вино со боја на срце.
Дозволете си барем за миг да се префрлите во најубавите љубовни филмски сцени и да понесете со себе незаборавни впечатоци.