КОНЦЕРТ ЗА ДЕЦА „ИТАР ПЕЈО“

КОНЦЕРТ ЗА ДЕЦА „ИТАР ПЕЈО“

Диригент:

Диригент:

Бисера Чадловска

Наратор:

Мартин Јорданоски

 

Светска и македонска премиера на Симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Делото на македонскиот композитор Филип Иванов „Итар Пејо“, како што кажува и самиот наслов, е инспирирано од популарниот македонски лик од нашата традиција, лукавиот и снаодливиот Итар Пејо. Тој е познат како симбол на итрец, којшто успева да се справи со неправдите и предизвиците преку својата интелигенција и снаодливост. Особено е итар во надмудрувањето на богатите или на оние коишто сакаат да го искористат…

Делото на Иванов е поделено на седум делови со поднаслови коишто укажуваат на течението на нарацијата: „Триумфот на Итар Пејо пред селскиот кмет“, „Танцот на измамата: Маската на Пејо“, „Меланхолија на исчезнатата паричка“, „Шегите на Итар Пејо“, „Итар Пејо во судир со неправдата“, „Инспиративниот говор на Итар Пејо“ и „Свадбата на Пејо“.

Ова е прва симфониска суита од македонски автор која обработува лик од македонската фолклорна традиција, а е наменета за деца и млади.

 

*** Композицијата е дел од наградените композиции коишто пристигнаа на Конкурсот, а којшто НУ Филхармонија на РСМ го распиша минатата година за откуп на дела од македонски автори наменети за симфониски оркестар.

Следни настани