часот
15 Јуни
21:00 часот
Сезона 2022/2023
Градски Парк
ЖИВОТОТ Е УБАВ
Диригент:
Мириан Хухунаишвили
Солисти:
Марио Стефано Пјетродарки
Мелоди Лулеџан
Види Галерија
Диригент: Мириан Хухунаишвили (Грузија)
Солисти: Мелоди Лулеџан – сопран (Ерменија/Франција)
Марио Стефано Пјетродарки – бандонеон (Италија)
Програма:
Н. Рота: „Омаж на Федерико Фелини“, арр. Н. Рахвели – Марио Стефано Пјетродарки– соло бандонеон
С. Чипријани: „Анонимен венецијанец“ арр. В. Рос
Р. Ортолани/Н. Оливиеро: Тема од “Кучешки свет”, арр. В. Рос – Мелоди Лулеџан – сопран соло
Н. Рота: „Кум“ – Суита
Н. Рота: „Љубовна тема“ од „Ромео и Јулија“арр. В. Ботев
Н. Пиовани: „Животот е убав“, арр. Р. Молинели – Марио Стефано Пјетродарки– соло бандонеон
Л. Дала: „Карузо” – Мелоди Лулеџан – сопран соло
A. Тровајоли: „Мирисот на жената“, арр. В. Рос
Н. Рота: „Јулија и духовите“, арр. В. Рос
Е. Мориконе: Звучен пејзаж од филмските теми на Мориконе, арр. Ф. Конокиела – дует: Марио Стефано Пјетродарки и Мелоди Лулеџан
Е. Мориконе: „Мисија“ Суита – мешан хор „Про Арс“
„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Македонската филхармонија во Градскиот парк, кој годинава ќе се одржи на 15 јуни во 21 часот. На програмата е музика од познати италијански филмови, чија изведба ќе биде надополнета и со видео проекции.
Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од филмот „Кум“, „Љубовна тема“ од филмот „Ромео и Јулија“ и музика од „Јулија и духовите“ од Нино Рота, музика од филмот „Анонимен венецијанец“ на Стелвио Чипријани, „Кучешки свет” од Р. Ортолани/Н. Оливиеро, тема од филмот „Животот е убав“ од Никола Пиовани, „Карузо“ од Лучио Дала, „Јулија и духовите“ од Армандо Тровајоли, „Звучен пејзаж“ од филмските теми на Енио Мориконе и суита од музиката за филмот „Мисија“.
Диригент е маестро Мириан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Мелоди Лулеџан, Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон од Италија и хорот „ПроАрс“.
Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него, воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу РС Македонија и Италија.