Гостување во Германија во Бон и Оберхаузен

Гостување во Германија во Бон и Оберхаузен

Диригент:
Солисти:
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја претстави македонската музичка култура во срцето на Европа!
Нашиот оркестар na 18 април ќе настапи во Бон, родното место на Бетовен, и на 19 април во Оберхаузен, со што ја потврдува улогата на Македонија како земја со богата музичка традиција.
На сцената ќе блеснат нашите врвни солисти – виолинистката Сихана Бадивуку и виолончелистот Паскал Краповски, под водство на диригентот Десар Сулејмани. Публиката ќе има прилика да ужива во ремек-делата на Супе, Сен-Санс, Смокварски и Дворжак, кои ја носат универзалната убавина на класичната музика.
Гостувањата надвор од Македонија се многу повеќе од концерти, тие се дипломатски мостови, промоција на нашата култура и потврда дека македонската музика и музичари се дел од светската музичка елита.

Концертите на Македонската филхармонија во Германија се составен дел од свечениот настан по повод 5-годишнината од партнерството меѓу Северна Рајна-Вестфалија и Северна Македонија.

Диригент:

Десар Сулејмани (Германија)

Солисти:

Паскал Краповски, виолончело

Сихана Бадивуку, виолина

 

Програма:

Г. Смокварски: „Тешкото“

Џ. Верди: Увертира од операта ,,Моќта на судбината”

К. Сен-Санс: Концерт за виолина и виолончело ,,Музата и поетот”, оп. 132

А. Дворжак: Симфонија бр. 9 во е-мол – ,,Од новиот свет”

 

 

Следни настани