Пламенка Трајковска

виолина

Дипломира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Михајло Куфојанакис. Магистрира на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Кирил и Методиј“ во Скопје и се здобива со титулата магистер по економски науки. За време на своето школување, учествува на бројни натпревари и посетува мастер-класови кај Евгенија Чугаева, Дејан Михајловиќ, Давид Камхи и Кунаков. Свирела и воМладинскиот камерен оркестар на Музичка младина, во Југословенската младинска филхармонија и Војводинската младинска филхармонија.

Од 1994 година, Пламенка Трајковска е постојан член на Македонската филхармонија. Повремено е член на Камерниот оркестар при Македонската филхармонија, на Ревискиот оркестар при МРТ и на „Скопски солисти“.

Го креира музичкото јадро со наслов ,,Пламенка Трајковска – мали камерни состави“, во чиј состав дејствува гудачки квартет и трио, гудачки секстет, дуо виолина и пијано, танго трио, состав „Келтикум“ и оркестар „Ода на радоста“. Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија и настапуваат на официјални концертни сцени и на алтернативни простори со цел да ја доближат класичната музика до широката публика и до младите.Автор и изведуваче на албумот „Апасионато“ и на албумот „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс во адаптација за виолина и пијано за кои соработува со дистрибутивните музички мрежи „Ајтунс“ и „Амазон“. Автор и изведувач е на музика за театарски претстави и на синглот ,,Светулки“. Има реализирано голем број концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации –„Скопско лето“, „Бит фест“, „Штипско културно лето“, „Петровденски ракувања“, „Топол културен бран“, „Караманови средби“, „Кавадаречка културна есен“, „Велешко културно лето“ и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и на концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција и Танзанија.Има добиено титула витез на хуманостаза особена помош во заедницата. Национален координатор е на меѓународниот музички натпревар на „Лајонс“ –„Томас Кути“.

Свири на виолина Joh.Bapt.Switzer од 1813 година.

Сака патувања и научно фантастични филмови.

Skip to content