Татјана Кочарова-Гошева
виолина
Родена е во1971година во Скопје.Потекнува од музичко семејство,чиј татко е познатиот кларинетист и проф. Иван Кочаров.Заедно со нејзината сестра Марија продолжуваат по неговите стапки. Основното музичко образование го започнува на седумгодишна возраст,кога почнува да го изучува инструментот виолина кај тогаш најпознатата професорка Павлина Мисиркова, во чија класа останува до нејзиното матурирање. Има бројни настапи на сите училишни концерти,натпревари и се стекнува со значајни награди на државно и, во тоа време,на сојузно ниво.З а време на целото школување е добитник на стипендија за талентирани ученици.Одржува рецитали и полурецитали во Скопје и во други градови низ Македонија.Настапува како солист со Македонската филхармонија во 1989 година. Во 1990 година се запишува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф.Михајло Куфојанакис,каде што ги завршува студиите со бројни успеси и настапи и највисока оценка 10.
За време на студиите, станува почесен член на Македонскиот камерен оркестар(како единствена жена) под раководство на маестро Ванчо Чавдарски.Еден период е член на оркестарот на МОБ,а од почетокот на студиите е постојан член на оркестарот при Македонската филхармонија.Во 1989 година посетува и успешно ја завршува Меѓународната школа кај проф. Евгенија Чугаева. Во 1994 година е член на Светскиот младински оркестар во Будимпешта како претставник од Македонија.Концерт-мајстор е на Средношколскиот и Академскиот камерен оркестар,каде што под раководство на проф.Велко Тодевски освојуваат многу награди во тогашната Југославија. Дипломира во 1994 година со највисок успех – 10. Веднаш по дипломирањето во 1994 година, се вработува и станува член на Македонската филхармонија во групата први виолини,каде што е до ден-денес.Со Филхармонија и со Камерниот оркестар има бројни концерти во земјава и во странство со врвни солисти и диригенти, во Америка, Полска, Чешка, Израел, Шпанија, Кина, Србија, Хрватска…
Во 1998 година се запишува на постдипломски студии кај проф.Ратка Димитрова, а во 2000 година ги завршува со највисока оценка и се стекнува со називот магистер по виолина.Редовен и постојан член е на „F.A.M.E.’S.– студио за снимање филмска музика.
Слободното време го поминува во кујна иво прошетки со семејството. Ужива да музицира и да открива нови тајни во интерпретацијата заедно со својот сопруг Александар Гошев, хорнист во Филхармонија, како и со синот Симеон и ќерката Божана – виолинисти кои продолжуваат по патот на своите родители.