Илза Бафтиари

виола

Започнува да учи виолина од деветгодишна возраст во класата на проф.Сихана Бадивуку. На 16-годишна возраст започна да изучува виола во класата на проф. Јован Бицевски во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а додипломски музички студии изучува во класата на проф.Фросина Балова. Има оддржано бројни концерти и рецитали со својот брат Шкељзен Бафтијари –пијанист. Настапува и во камерни состави, а двапати како солист со Македонската филхармонија, потоа како солист со камерниот оркестар на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Италија и камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“. Настапувала како дел од неколку меѓународни оркестри, како што се “CEI Orchestra” и “Jugest Sinfonie Orchester” со настапи во Италија, Словенија, Австрија, Швајцарија, а веќе трета година е дел од германскиот оркестар “Manheimer Philharmoniker”,каде што настапува во најпрестижните сали во Европа, како што се “ElbPhilharmony” во Хамбург и “Queen Elizabeth Hall” во Антверп, како и со врвни солисти како што е Марта Аргерич. Осум години работела во оркестарот на Косовската филхармонија, а од 2020 е редовно вработена во Македонската филхармонија. Во 2021 година прославува пет години како член на оркестарот на Музичката младина на Македонија, а редовно снима филмска музика во оркестарот F.A.M.E.’S.

Слободното време го поминува со својот син, а обожава и да патува.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content