Димче Грковски

прв кларинет

Роден е во 1967 година, во с.Рудник, Велес. Средно музичко училиште завршува во Штип во класата на проф. Раде Стојчев. Музичкото образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Иван Кочаров. Во 1998 година, магистрира на Музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Бугарија, во класата на светски познатиот кларинетист проф. Петко Радев. По дипломирањето во 1989 година, работи во оркестарот на МНТ во Скопје како кларинетист, а од 1993 година се вработува во Македонската филхармонија како прв кларинетист. Има настапено како солист со Филхармонија и со Дувачкиот камерен оркестар на Филхармонија. Од 2002 до 2008 година, работи како хонорарен професор по кларинет во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“  во Скопје, а од 2016 година  хонорарно предава кларинет на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје.

„Друштвен, праведен, професионален, сопруг и татко. Во слободно време компонирам и имам снимено свои македонски ора со оркестарот на МРТВ. Сакам природа, планински воздух и сум голем гурман. Моето мото е ’без музика нема живот‘. Значи, музика, музика и само музика“.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content