Даниел Лазаровски
виолина
Даниел Лазаровски завршува магистерски студии во 2010 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Љубиша Кировски,со највисока оценка. Дипломира на истиот факултет во 2009 година во класата на професор Олег Кондратенко. Како солист настапувал со оркестарот на Македонската филхармонија, со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а исто така реализирал и настапи на фестивалите „Охридско лето“ и „Скопско лето“.
Бил концерт мајстор на Младинскиот симфониски оркестар и Гудачкиот камерен оркестар на ФМУ, на Младинскиот гудачки оркестар од Црна Гора, прва виолина во Оркестарот на Музичка Младина на Македонија, во Европскиот гудачки оркестар во Шведска, во меѓународниот оркестар „NO BORDERS“ со кој настапува во Србија, Франција, Словенија, Германија, и со кој остварува снимање на компакт диск во издание на престижната издавачка куќа „Дојче грамофон“. Од 2013 година е вработен како прва виолина во оркестарот на Филхаармонија. Добитник е на повеќе меѓународни награди, а учествувал и на повеќе семинари кај истакнати музички педагози како: Минчо Минчев, Вацлав Худечек, Благоја Димчевски, Стефан Миленковиќ, Дора Иванова, Питер Шепард, Гордан Николиќ, Лиана Исаказе.