Виктор Илиески

трет тромбон и бас тромбон

Професионален тромбонист во НУ Филхармонија на Република Северна Македонија

  • Постојан член во секциката тромбони на Филхармонијата од 2000 до денес

 

Директор на НУ Македонска Филхармонија (2017-2020)

  • Завршување на сите техничко-правни процедури и подготвување на објектот за добивање на сите дозволи и официјално ставање во функција.
  • Управување со институцијата, со објектот, со програмата и со сите вработени
  • Програмско унапредување на институцијата и соработка со светски солисти и диригенти
  • Зајакнување на институцијата со 40 нови вработени
  • Зајакната соработка и унапредување на партнерски однос со глеж број на компании од приватниот сектор за развој на програмскиот и функционалниот дел на институцијата
  • Организирани преку 200 концерти, 300 настани и 4 турнеи на Филхармонијата во Шпанија, Кина, Казакстан и Израел

Проект Менаџер на Здружение на граѓани „КултурОп” (2008-2016)

  • Организирање на културни настани, две турнеи на Лондонска Филхармонија и Бољшои театар од Москва во Скопје, рецитали, концерти на македонскиот пијанист Симон Трпчески
  • Формирање на оркестар на млади музичари и организирање на концерти
  • Организирање на концерти и настани на Амбасади во Скопје

 

Постојан член на оркестар „No Borders Orchestra“ (од 2011)

Постојан член на оркестарот „Fame’s“ (од 2007)

Член на оркестрите „Big Band“ на МРТ и „Здружение на Џез музичари“

 

Искуство и работа со млади таленти и организирање на концерти во франкофони училишта – Брисел и Скопје – (2021-2025)

 

Професор по музичко образование и хор во ЕФИС – Интернационално француско  ушилиште, Скопје (2024 – и тековно)

 

Образование:

 

Магистер по тромбон, Факултетот за музичка уметност „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, во класата на Ѓорги Стефановски (2003-2005)

Високо образование – дипломиран тромбонист, Факултетот за музичка уметност „Свети Кирил и Методиј” во Скопје (1998-2002)

 

За време на студиите учествувал на многу концерти, организирани од факултетот како солист, како член на камерни состави и како член на симфонискиот оркестар.

Учествувал на многу семинари: меѓународниот фестивал на класична музика „Интерфест- Битола“, предводена од Кирил Рибарски; Дубровник „Семинар за дувачки инструменти“ и во Стокхолм под раководство на шведскиот проф. Ерик Ериксон.

Настапи:

Брисел, Ротердам, Виена, Лондон (Барбикан центар), Жирона, Лисабон, Тарб, Тулуз, Стразбур, Париз (8 концерти), Хамбург, Потије, Љубљана, Загреб, Белград, Марсеј, Неапол, Атина, Дубаи, Јужна Кореја, Кина, Австралија, Оман. Сите настапи беа проследени со одлични критики (со 5 ѕвезди во The Telegraph, La Libre, DC Metro.

 

Постигнати награди: 

 

  • Прва меѓународна награда (1997)
  • Прва меѓународна специјална награда во Нови Сад (1998)
  • Прва специјална републичка награда како член на на дувачки квинтет (2003)
  • YAMAHA, прва специјална парична награда во конкуренција на лимени дувачки инструменти (2003) организирана во Македонија од Јамаха Музичка Фондација на Европа.

Зборува англиски и француски јазик.

 

Во слободно време игра фудбал со синот и одбојка со ќерката.

Ужива во патувања со семејството.

Skip to content