Ванчо Стојановски

прв фагот

Роден е во Скопје каде што го завршува нижото и средното музичко образование во класата по фагот на проф. Предраг Трајковски. Студиите ги завршува на Музичката академија во Љубљана, Словенија, во класата на проф. Божидар Тумпеј. За време на школувањето, учествува на повеќе мајсторски курсеви и натпревари во поранешна Југославија, каде што освојува повеќе награди меѓу кои и прва награда во категоријата  камерна музика на натпреварот во Велење, Словенија. Како музичар настапува во различни камерни состави во Словенија, а и на фестивали во Македонија, Холандија и Грција. Член е на Балканскиот оркестар во Серез во 1997 година, а активно настапува со „Македонски дувачки квинтет“.

Вработен е како прв фагот во оркестарот на Македонската филхармонија.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content