Благоја Перуновски

заменик водач на контрабаси

Роден е во 1977 година во Скопје. Во 1991 година сезапишува во Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ на одделот за контрабас и продолжува со студии на Факултетот замузичка уметност во Скопје каде што и дипломира во класата напроф. Велко Тодевски. Во текот на студиите е добитник на многубројни награди на државните натпревари, како и специјалнанаграда од Yamaha. Учествува и во меѓународни младински оркестри како што е оркестарот во Алтенбург, Германија. Во текотна студиите, исто така, работи како хонорарен соработник во Македонската филхармонија. Во 2004 година полага аудиција во Македонската филхармонија и се вработува преку Музичката младина на Македонија,а од 2007 година е редовно вработен на местото група контрабаси. Во 2018 година,полага аудиција и е распореден на местото заменик-водач на група контрабаси.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content