Александар Поп Христов

водач на контрабаси

Неговата прва средба со Македонската филхармонија датира уште од времето на студентските денови со дебитантскиот солистички концерт. Редовен и активен член на оркестарот е од 1995 година, а веќе од 1998 година го добива статусот водач на секцијата контрабас и тоа сѐ уште трае.

Академското образование го завршува на Факултетот за музичка уметност во 1992 година кај реномираниот професор по контрабас Велко Тодевски, исто така, и магистерските студии, кои ги завршува во 1998 година. Во текот на целокупното школување,учествува на повеќе меѓународни натпревари на кои добива повеќе први награди.

Неговото долгогодишно работно искуство изобилува со многу концерти, соработки со познати и реномирани диригенти и уметници на домашната сцена, но и голем број   гостувања низ многу земји во светот: Шведска, Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Израел, САД…Членува во повеќе различни оркестри, како што се Радиски камерен оркестар, Камерен оркестар на Македонската филхармонија, No Borders Orchestra, Warminsko – Mazurska filharmonija, Дубровнички симфониски оркестар, студиски оркестар F.A.M.E.’S…

„Големо задоволство ми претставува ангажманот како вонреден професор по контрабас на ФМУ што започна во 2017 година.Покрај контрабасот, општопознато е дека голема љубов ми се гитарата и бас-гитарата и тоа не само во својство на хоби.  Професионално сум ангажиран со нив од тинејџерските денови преку членства во неколку популарни рок-бендови и, секако, во мојата матична институција секогаш кога има потреба од guitarrockgroove“.

 

Skip to content