Шкељзен Доли
Шкeљзен Доли (1971 – роден во Елбасан, Албанија, израснат во Ѓаковица, Косово) е истакнат виолинист кој денес активно дејствува на меѓународната сцена. Со изучување на виолина започнал во 1980 година, а во периодот од 1987 до 1991 година се школувал во Музичкото училиште во Нови Сад, во класата на Евгенија Чугуева. Во 1989 година ја освоил првата награда на Југословенскиот натпревар за млади музичари во Сараево. Во 1992 година ги продолжил студиите на Универзитетот за музика и изведбени уметности во Виена, каде што се усовршувал кај професорите Дора Шварцберг, Михаел Фришеншлагер и Јозеф Хел. Набргу потоа станал соработник (замена) во оркестарот на Виенската државна опера, а подоцна и редовен член на виолинската група. Од 1995 година е член на Виенската филхармонија, со што се вбројува меѓу врвните оркестарски музичари на денешницата. Преку учество во различни камерни состави на Филхармонијата, како што се „Toyota Master Players“, „Vienna Virtuosen“ и ансамблот „Wiener Collage“ на Рене Штаар, Доли цврсто се етаблира како значајна фигура во музичкиот живот на Виена. Како солист и камерен музичар настапувал на бројни турнеи низ Европа, Северна Америка, Африка, Израел и Јапонија. Неодамна е еден од основачите на камерниот ансамбл „The Philharmonics“, кој привлекува внимание со својот уникатен пристап кон класичната музика.
Назад