Милена Арсовска
Одликувана како „претставник на младата генерација на квалитетни пејачи“ со „блескаво чист глас“, македонската сопранистка Милена Арсовска ја започна својата кариера на многу млада возраст во Македонската национална опера. Дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за музичка уметност во Скопје, со диплома за музика cum laude и магистрира на МУК, Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена. Студиите ги продолжува со учество на мастер класи кај реномирани пејачи како Мариела Девиа, Красимира Стојанова, Клаудија Виска и Илко Начев. Милена Арсовска ја започна својата сезона 2024/25 со голем успех како солист во 2-те прекрасни дела, Втората симфонија на Малер и Миса Солемнис од Бетовен со Националниот синфониски оркестар во Богота. Оваа сезона таа дебитира и во "La Boheme" како гостин на Театарот Вилки в Лоџи во улогата на Музета. На почетокот на новата година таа дебитира на Новогодишен гала концерт со Синфониски оркестар на Сицилија во Палермо. Нејзините ангажмани во театарот Мајнфранкен во Вурцбург оваа сезона ги вклучуваат улогите на Глауче во "Медеа", Софи Шол во "Белата роза" и Микаела во "Кармен". Нејзиниот оперски репертоар од изминатите сезони ги опфаќаат следните улоги: Сузана во "Свадбата на Фигаро" во Националниот театар во Вајмар и Театарот Луцерн, Виолета во "Травијата" и Ариел во "Бура" во Националниот моравско-шлезиски театар Острава, Славеј во "Le Rossignol" во Националниот театар во Прага, Марцелине во "Фиделио" vo Operbühne Württembergische Allgäu, Гретхен во "Der Wildschütz" во Tеатарот во Магдебург, Коко во детската "Свадбата на Фигаро" и Церкатриче во "Сетра Ангелика" во Theater an der Wien, Нанета во "Фалстаф" и Церлина во "Дон Џовани" во театарот Мајнфранкен Вурцбург, каде Милена е член на ансамблот од сезоната 2023/24. Милена Арсовска имала можност да работи со светски познати диригенти како Клаудио Абадо, Крил Петренко, Рани Калдерон, Јан Латам-Коениг, Корнелиус Мајстер, Кирил Карабитс, Артур Фаген, Даниел Раискин, Јерухам Шаровски, Мајкл Балке, Енрико Калесо и Ервин Ортнер. Таа е финалистка и победничка на разни натпревари во пеење.
Назад
