Skip to content

Денис Димоски

Денис Димоски е роден на 4-ти Јуни 1993 година во Прилеп. Тој е дипломиран соло пејач на факултетот за музичка уметност во Скопје во класите на проф. Горан Начевски и Игор Дурловски. Денис пее од неговата седма година. Досега учествувал на многу национални и престижни интернационални фестивали и натпревари и е добитник на бројни награди. Денис ја освојува наградата за најдобра интерпретција на еден од најголемите фестивали во Светот “Славјански базар” во Белорусија, доделена од претседателот на F.I.D.O.F. , проф. Армандо Морено. Двократен победник на интернационалниот музички фестивал ,,Ѕвездички’’ Победник на реномираниот интернационален натпревар за пејачи ,,Езерски бисери'' Второ место на интернационалниот натпревар ,,Ти амо’’ во Романија. Награда за најдобра интерпретација на интернационалниот фестивал ,,New Wave’’ во Москва, Русија. Добитник на наградата ,,Трети Ноември’’ од општина Прилеп Во 2005г.,  Денис  е победник на националниот избор за песна на детската евровизија и станува претставник на Македонија на јуниорскиот евросонг во Белгија. Со прекрасната “Роденденски бакнеж”, Денис успева да ги придобие симпатиите на евровизиската публика и се пласира на 8-мо место, што е одличен пласман за нашата Македонија. Во 2007г. ја добива Гран-при наградата од повеќечленото интернационално жири на фестивалот  “Мајбутне Краини” во Украина за изведбата на песната “Још увек сањам да смо заједно” од Тоше Проески. Има освоено  4 први награди на државните натпревари по соло пеење во Македонија. Во 2017 год. Денис победува на “Casting Talent show” организиран од Македонска Опера и Балет и ја добива главната машка улога во мјузиклот за Тоше Проески “Тајно моја”. Карактеристично за Денис е тоа што подеднакво добро пее повеќе жанрови на музика: поп, поп-рок, R&B, народна и класична музика Од 2019 година Денис е вработен во Македоска Опера и Балет. Улоги во МОБ: Принц Тамино ( Волшебната флејта) Мотел ( Свирач на покрив ) Главната машка улога во мјузиклот за Тоше Проески ,,Тајно моја’’ На 17.12.2022 год. Денис  настапи како солист (контратенор) во кантатата ,,Кармина Бурана’’ во МОБ.