Џеврије Туле

Џеврие Туле (2006, Струга ) своето музичкото образование го започнала на шестгодишна возраст во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид, во класата на проф. Даниел Чурковски. Од 2020-та, школувањето го продолжила во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј“ во Скопје, во класата на проф. Весна Ангелова Христов, каде оваа година е матурант. Учествувала во Еразмус плус програмата во Копер, Словенија, организирана од ЗМП „Полихимнија“ (2022) и во Вараждин, Хрватска (проект на ДМБУЦ ,,Илија Николовски –Луј“ (2024). Уште од мала возраст, Туле се истакнала со големи успеси на државните и на меѓународните натпревари по пијано во земјава и во странство. Таа е лауерат на натпреварите и во Албанија и добитничка на први награди на Државните натпревари во земјава, добитничка на прва награда на „Полихимнија“, на специјална награда ,,Јасминка Чакар“ за најдобро изведено дело од Ф. Шопен. Во 2022 одржала полурецитал во КИЦ и рецитал во рамките на фестивалот „Струга фест“. Учествува на голем број на семинари и мастер курсеви кај еминентни пијано педагози, меѓу кои и Туту Ајдиноглу и Александар Сердар, а во 2002 учествувала на мастер курс на селектирани студенти во класата на проф. Хериберт Кох во Дурен, Германија, каде учествувала на завршните концерти во Дурен, Келн и Ахен. Во 2024 година, Џеврие Туле беше избрана да настапи со Македонската филхармонија во изведба на Концертот бр. 2 од Д. Шостакович.  

Skip to content