Шкељзен Бафтиари

  Шкељзен Бафтиари дипломирал со Cum Laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов и завршил постдипломски студии со Cum Laude, во класата на светскиот познат пијанист Симон Трпчески со кој сеуште има добра соработка. Основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј- Скопје во класата на проф. Људмила Романова. Пијано почнува да учи на 10-годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ " Тодор Скаловски- Тетоец"- Тетово. Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Оддржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина, Тирана, Софија, Охрид. Настапувал на неколку фестивали како „Охридско Лето“, „Есенски Музички Свечености“, „Скопско Лето“, „Денови на македонска музика“, „ДАМ“, „Шопен Пијано Фест“, „Косова Камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на албанската сериозна музика“. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Настапувал како солист со Лондон Сити Филхармоник, Македонска Филхармонија, Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Косовка Филхармонија и Симфонискиот орестар на Абанската РТВ. Покрај поголемиот број на снимки за радио и ТВ редовно учествувал на семинарите под раководство на проф. Борис Романов што се одржувале секоја година во Охрид.    

Skip to content