Суат Атикан

По дипломирањето на Државниот конзерватирум во Анкара, Суат Атикан континуирано го развива својот стил и репертоар кој опфаќа улоги од оперски дела од 17 век до современа музика. На сцената ги реализира улогите на Ферандо во „Трубадур“, Банко во „Магбет“, Јаго во „Отело“, Дон Базилио во „Севилскито берберин“, Дон Кихот во истоименото оперско дело и др. Добитник e на повеќе награди и признанија, а во 2006 година е одлкуван како „витез“ од италијанскиот претседател за неговите придонеси во оперската уметност. Од 2003 година работи како уметнички директор на Државната опера и балет во Истанбул. Освен што настапува активно како солист на оперската сцена, Атикан работи и како професор по пеење на неколку универзитети во Турција.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content