Петер Лаул
Пијанистот Петер Лаул е еден од најнаградуваните руски пијанисти, кој соработувал со диригенти како Шостакович, Гергиев, Касадесус... Роден е во 1977 година во Ленинград, а дипломирал во 2000 година на Државниот конзерваториум „Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург (во класата на Александар Сандлер). Меѓудругите, во 2003 му беше доделена и почесна награда „За достигнувања во културата“ од Министерството за култура на Руската Федерација. Неговите настапи се многубројни. Настапувал во Русија, Германија, Франција, Велика Британија, Австрија, Швајцарија, Шпанија, Белгија, Луксембург, Италија, Украина, Естонија, Латвија, Литванија, Финска, Шведска, Полска, Чешка, Унгарија, Романија, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, САД, Бразил и Јапонија, вклучувајќи ја Филхармонијата на Санкт Петербург, „Стенвеј хол“ и „Линколн центар“ во Њујорк, „Концертгебау“ во Амстердам, престижните концертни сали во Токио, салата „Верди“ во Милано... Редовно соработува со оркестри како Филхармонијата на Санкт Петербург, Оркестарот на Маринискиот театар, Московскиот симфониски оркестар... Петер Лаул посебно внимание посветува на камерната музика и во таа смисла, негови редовни партнери се уметници како Иља Гринголц, Максим Венгеров, Виктор Третјаков, Алена Баева, Сергеј Левитин, Давид Гримал, Марк Копеј... Зад себе има и многубројни снимки за врвни издавачки куќи, од кои се истакнуваат оние со делата на Скрјабин (2006), целосните трија и сонати за виолончело од Брамс (2007, 2008), целосните сонати и трија за виолина од Шуман (2010) и целосните дела за виолина од Стравински (2016). Од 2002 година предава пијано на Конзерваториумот во Санкт Петербург.