Пабло Барагон

„Со музиката може да се каже нешто што не може да се изрази поинаку. Музиката ги прави нематеријалните работи опипливи и тие допираат на посебен начин“, вели Пабло Барагон, добитникот на наградата за Млад солист 2013, младиот шпански кларинетист кој своето рецитално деби го направи на Фестивалот во Луцерн. Неговите изведби критиката ги опишува како диференцирани, елегантни и совршено нијансирани. „Тој сака да раскажува приказни, да пренесува емоции и да создаде своја палета на бои“. За него, уметноста е постојан извор на инспирација. Почнал да свири пијано на четиригодишна возраст, потоа саксофон, пред да го пронајде својот „инструмент“ - кларинетот. Учеството во младински оркестри и камерни музички ансамбли на Конзерваториумот во Севиља каде што ги почнал студиите се дел од развојот на неговото музичко патување, за потоа да стане дел од Фондацијата „Баренбоим-Саид“ во Берлин. Член е на „Оркестарот на Западно-источниот диван“ кој го води токму славниот маестро Даниел Баренбоим. Во 2009 со стипендија од Фондацијата Каја студира на Музичката академија во Базел. Љубопитноста на Бараган ќе го натера да открива нови перспективи во музиката и тој ќе стане член на повеќе оркестри во Шпанија, Германија и Швајцарија, како и дел од камерни ансамбли, се разбира, настапувајќи и како солист на престижни фестивали меѓу кои на „Марта Аргерич Фестивал“, „Мењухин фестивал“, „Јанг Еурокласик Берлин“... Една од неговите соработки со истакнати уметници значеше издавање на извонредно ЦД заедно со Хаун Перез Флориста на пијано и Андреј Ионита на виолончело. https://www.youtube.com/watch?v=Pj7GpuQvRao&feature=youtu.be

Skip to content