Мојца Злобко Вајгл
Мојца Злобко Вајгл е една од најпочитуваните харфистки не само во Словенија и во рамките на просторите на поранешна Југославија, туку зад себе има богата интернационална кариера како солист и како камерен музичар. Предава на Академијата за музика во Љубљана, каде што дипломирала во 1991 година, период кога почнува да работи и како соло харфистка во оркестарот на Словенечката опера и балет во Љубљана. Наскоро нејзиниот талент ќе го фокусира како солист и ќе го комплетира образованието како постдипломец на Академијата за музика и театар во Хамбург со проф. Марија Граф. Мојца Злобко поседува широк репертоар, а нејзините изведби биле инспирација за многу композитори да создадат дела токму за харфа и оркестар која таа често ги интерпретира. Досега настапувала со мноштво реномирани ансамбли, вклучувајќи ги и Берлинскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Стокхолм, Камерниот оркестар на Хамбург филхармонијата, Гудачкиот квартет „Лајпциг“, квартетот „Орфеус“, Белградската филхармонија, Сараевската филхармонија, Националниот оркестар на Киев... Често, Мојца Злобко настапува како солист со Словенечката филхармонија и со Симфонискиот оркестар на Радио Словенија. Досега има снимено седум соло ЦД-иња. Помеѓу 2000 и 2002 година, Злобко живее и настапува во Виена, додека од 2002 до 2004 година во Берлин. Често е канета да биде член на жири комисиите на интернационални натпревари по харфа ширум светот.