Ле Фи Фи
Фи Фи Ле е роден во Ханој, Виетнам. Завршил клавир и оркестарско диригирање на Ханојскиот конзерваториум во 1986 год. Како вонреден талентиран ученик тој е избран од страна на професорката комиција и понудено му е своето музичко образование да го продожи во Москва(Руссија) на Московскиот козерваториум “П.И.Чајковски”. Во 1993 год. Фи Фи Ле дипломирал со одличен успех и станал асистент диригент во Македонската филхармонија, и понеколку години и нејзин стален диригент. Во тој период со Македонската филхармонија реализирал бројни концерти во Скопје и во републиката Македонија, исто така и надвор од неја. Исто така Фи Фи Ле долги години соработувал со хорот и камерен оркестар на МРТВ. Од 2000-2008 година Фи Фи Ле раководел и со хорот на операта при МНТ. Својата диригентската дејност Фи Фи Ле успешно ја презентира и надвор од Македонија, диригирајќи со разни симфониски оркестри, хорови, оперски куќи, камерни ансамбли...гостувајќи во Руссија, Булгарија, Србија, Албанија, Франција, Германија, Италија, Финска, Шведска... Од 1996 година Фи Фи Ле често гостува во Виетнам како гостин диригент на Виетнамскиот национален симфониски оркестар, Националната опера и балет на Виетнам, Ханојскииот симфониски оркестар, Операта и балет на град Хо Ши Мин. Од 2000 година Фи Фи Ле работи како професор во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луи” и под неговото раководство, камерниот и симфонискиот оркестар на центар учествуваше на реномираните музички фестивал Скопско лето, Охридско лето, Битолско лето, Денови на Мекедонската музика...гостувале на ЛОИ 2004 година во Атина (Грција), Бриндизи (Италија), Харен (Германија). Од 2002-2007 год. Фи Фи Ле работел како стален гостин диригент на Нишкиот симфониски оркестар (Србија). Во 2005 год. од Фи Фи Ле ја доби наградата “Слава за Виетнамската нација” којашто се доделува на заслужни виетнамски граѓани за нивното успешно промовирање на Виетнам во светот.